свет

Над 1000 еврејски екстремисти во придружба на израелската полиција упаднаа во Ал Акса

Екстремистите во Ал Акса влегле во поголеми групи и дека ги зголемиле тензиите организирајќи верска церемонија

Mehmet Nuri Uçar, Esat Fırat  | 18.07.2021 - Обновена : 19.07.2021
Над 1000 еврејски екстремисти во придружба на израелската полиција упаднаа во Ал Акса

Kuds

Над илјада еврејски екстремисти, во придружба на израелската полиција, упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса, која се наоѓа во окупираниот Источен Кудс, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Управата на исламски вакуфи во Кудс се наведува дека од утринските часови во комплексот на џамијата Ал Акса преку Мароканската порта упаднале 1.210 еврејски екстремисти.

Во соопштението се истакнува дека екстремистите во Ал Акса влегле во поголеми групи и дека ги зголемиле тензиите организирајќи верска церемонија.

Евреите го одбележуваат денот на жалост и пост на Тиша БеАв, додека екстремистичките еврејски групи ги повикаа еврејските доселеници да го окупираат комплексот Ал Акса.

Очевидците истакнаа дека израелската полиција ги нападнаа Палестинците кои ја посетиле Ал Акса по утринската молитва, и дека неколку лица биле приведени.

Според нив, полицијата користела солзавец, додека се вели дека одредени делови на комплексот биле затворени.

Палестинците се обидоа да ги спречат екстремистичките Евреи да влегуваат во Ал Акса преку портите „Кралот Фајсал“ и „Хут“.

Израелската полиција ги блокираше сите влезови на Ал Акса со доаѓање на Евреите, а десетици Палестинци останаа внатре.

Тензиите растат внатре и во близина на Харем ал-Шариф.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.