Emel Öz
31 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
ТРЕНТОН (АА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека подготвуваат закон со кој ќе се забрани индивидуално купување и продавање на оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференција Трудо потсетувајќи на нападот што се случи во џамија во Квебек во 2017 година, каде животот го загубија 6 лица, а беа повредени 19, рече дека треба да се забрани купувањето и продавањето оружје и истакна дека се подготвува закон во врска со тоа.
Нагласувајќи дека имаат морална должност за да преземат нешто по ова прашање, Трудо рече дека луѓето треба да бидат безбедни кога одат во супермаркет, училиште или на кое било друго место.
Предлог-законот на Трудо дојде откако 21 лице беа убиени во вооружен напад во основно училиште во американската сојузна држава Тексас на 24 мај.