свет

Канада: На парламентарните избори победи партијата на актуелниот премиер Трудо

Според неофицијалните резултати објавени на официјалната веб-страница на Канадската изборна комисија, на предвремените парламентарни избори во Канада владејачката Либерална партија доби 31,7 проценти од важечките гласови

Seyit Aydoğan  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Канада: На парламентарните избори победи партијата на актуелниот премиер Трудо

ТОРОНТО 

Според неофицијалните резултати објавени на официјалната веб-страница на Канадската изборна комисија, владејачката Либерална партија доби 31,7 проценти од важечките гласови, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Со овој процент на освоени гласови, партијата на премиерот Џастин Трудо освои 156 од 308 места во канадскиот федерален парламент. За да може самостојно да формира влада, на Трудо му се потребни 170 пратеници.

Покрај тоа што најголемата опозициска Конзервативна партија доби 34,1 отсто од гласовите, таа успеа да добие вкупно 121 пратеник поради изборниот систем.

На изборите, Партијата на блокот Квебек доби 8,2 проценти од гласовите (32 пратеници), Новата демократска партија 17,6 проценти од гласовите (27 пратеници) и Партијата на зелените 2,2 проценти (2 пратеници).

Според неофицијалните резултати на изборите низ Канада, вкупно гласале 12.492.213 лица од вкупно 27.366.297 избирачи. Стапката на учество на изборите изнесува 45,65 проценти.

Гласањето се одржа во повеќе од 20.000 изборни центри отворени низ целата земја во 105.140 гласачки кутии.


- Лидерот на Канадската народна партија не е избран

Лидерот на Канадската народна партија Максим Берние не доби доволно гласови во неговиот роден град Боус, во провинција Квебек.

Максим Берние кој следи екстремно десничарската политика, и на претходните избори не успеа да влезе во парламентот.

Друг партиски лидер кој не успеа да влезе во парламентот на изборите е Анами Пол, лидерка на Партијата на зелените, која беше кандидатка од централната изборна единица во Торонто.


- Несреќа за време на гласањето во Монтреал

Осум лица се повредени во несреќата што се случи во Монтреал последниот ден од општите избори, кои поминаа мирно и без проблеми низ целата земја.

Едно лице кое ја изгубило контролата над своето возило, се втурнало во толпата што стоела во ред за да гласа.

Во несреќата се повредени 4 мажи, 3 жени и едно 5-годишно дете. Повредените не се во животна опасност.

Конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори во Канада се очекуваат да бидат објавени оваа недела.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.