ТОРОНТО
Педесет и четири нови гроба се откриени при радарско скенирања на теренот на неодамна направени градилишта околу два поранешни црковни интернати во регионот Кисикус Фирст Нејшн (Keeseekoоse First Nation) во канадската покраина Саскачеван, известува Агенција Анадолија (АА).
Ли Кичемонија, шефот на Кисикус Фирст Нејшн, одржа заедничка прес-конференција со Тед Куевезанс, менаџер на истражувачки проект и еден од локалните жители кој успеал жив да се извлече од црковно училиште.
Наведувајќи дека зимските услови негативно се одразиле на потрагата и дека работата е сѐ уште во тек, Кичемонија рече:
„Ова е многу сериозен ден за нас. Тоа ни овозможува затворање, но во исто време ни ја отвора вратата за повеќе прашања. Навистина, што точно се случи тука? Ќе биде многу тежок период за нашето општество. Иако во нашата заедница се знаеше дека на заедничкиот простор постојат безимени гробови, секој ден, додека возиме автомобил или додека пешачиме, поминуваме покрај нив или преку нив. Никогаш не сфатив дека таму има гробови. Овие начини на криење мора да се најповредувачкиот дел.“
Кичемонија рече дека на одговорност треба да се повикаат страните одговорни за анонимните погребувања, иако сè уште не знае кои се тие.
Наведувајќи дека гробовите можеби им припаѓаат на децата кои биле убиени, Кичимонија истакна дека заедницата сè уште нема одговори за тоа.
„Секој нов гроб одново ги трауматизира нашите заедници“
Тед Куевезанс рече дека преживеаните и локалните мудреци ги утврдиле местата што биле скенирани.
„Скенирањето ја потврди нашата усна историја. Секој нов гроб од интернатите одново ги трауматизира преживеаните, нашите семејства и нашите заедници“, рече Куевезанс.
Роуз Ен Арчибалд, претседател на Националното собрание на Фирст Нејшн во својата изјава рече: „Овие институции на асимилација и геноцид го растргнаа ткивото на нашите семејства, заедници и нации. Тука, освен за 54 деца, во исто време зборуваме и за 54 погодени семејства бидејќи во домовите не им се вратиле нивните деца.“
Рус Мирасти, член на индијанскиот бенд Лас Ла Ронж кој присуствуваше на состанокот, истакна: „Сите Канаѓани и сите оние што нѐ слушаат, ги поканувам да ги отворат своите умови за да научиме да го прифатиме вистинското минато и историја на оваа земја.“
Интернатите на црковните училишта „Свети Филип“ и „Форт Пели“, управувани од локалната католичка црква, кои во 1900-тите години започнаа со своите активности, се наоѓаат во регионот Кисикус Фирст Нејшн, оддалечен околу 286 километри североисточно од Регина.
Во спроведените студии, во областа на Интернатот „Форт Пели“ се откриени 42, а во областа на Интернатот „Св. Филип“ се откриени 12 неименувани гробови.
Нерегистрирани детски гробови во дворот на старо црковно училиште во Канада за првпат се откриени на 29 мај 2021 година, кога беа пронајдени остатоци од 215 детски тела во дворот на училиште во градот Камлупс, во канадската покраина Британска Колумбија.
На 24 јуни 2021 година, во градината на Интернатот „Мариевал“ во Саскачеван беа откриени гробови со остатоци од 751 детско тело, кои официјално не биле регистрирани.
Непријавени гробници со посмртните останки на 182 деца беа откриени во близина на некогашното Мисионерско училиште „Св. Јуџин“ во провинцијата Британска Колумбија, на 30 јуни 2021 година.
Домородното племе Пенелакут од Јужните Заливски Острови, на 12 јули 2021 година објави дека на подрачјето на интернатот на Црковното училиште „Купер“ во истата канадска покраина биле пронајдени повеќе од 160 „нерегистрирани и необележани“ гробови.
Последните нерегистрирани гробови во Канада се откриени во дворот на интернатот на Мисионерското црковно училиште „Св. Џозеф“, кое се наоѓа во подрачјето на Езерото Вилијамс Фирст Нејшн во покраината Британска Колумбија. Истражувачките екипи објавија дека се откриени 93 нови гробови благодарение на површински радар со кој се скенираа 14 хектари од 470 хектари површина која му припаѓа на училиштето.
Првиот од црковните интернати кои се сметаат за „места на најголемата злоупотреба на деца во канадската историја“, беше отворен во раните 1880-ти, а последниот беше затворен во 1996 година.
Во училиштата во кои биле сместени повеќе од 150.000 локални деца насилно одземени од нивните семејства, поголемиот дел од децата, физички, сексуално и психички биле малтретирани од свештениците, калуѓерките и други наставници.
Во документите заведени од страна на Комисијата за вистина и помирување формирана во Канада во 2010 година се наведува дека покрај злоупотребата, утврдено е дека се извршувани и медицински експерименти врз некои деца.
Канадската Федерална влада официјално се извини за жртвите во интернатските црковни училишта, во кои илјадници деца умреа од глад, студ и болести.
news_share_descriptionsubscription_contact
