Aida Cako
28 Октомври 2025•Ажурирај: 29 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Конвој камиони со хуманитарна помош влезе во Газа од Египет преку граничниот премин Рафа, јавува Анадолу.
Камионите доставија хуманитарна помош, во која има шатори, пакети со храна, брашно, соларно гориво и цилиндри за гас обезбедени од турски хуманитарни организации.
Конвоите со помош се движат низ повеќе премини, меѓу кои Керем Шалом и Ќисуфим, за да им помогнат Палестинците по двегодишната војна во Газа.
Првата фаза од договорот за прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 10 октомври според планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп.
Оттогаш Хамас ослободи 20 живи израелски заложници и ги достави телата на 17 од 28 починати заробеници, од кои повеќето Израелци.
Сепак, израелските власти претходно тврдеа дека едно од пронајдените тела не се совпаѓа со ниеден од нивните исчезнати заробеници.
Планот за прекин на огнот предвидува и обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.
Според палестинските власти, во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година се убиени над 68.500 луѓе, а повеќе од 170.300 се повредени.