Nilay Kar
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Турската хуманитарна фондација (ИХХ) од почетокот на граѓанската војна во Сирија има испратено 15.000 камиони со хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последниот извештај објавен од Фондацијата пишува: „ИХХ не ги остави Сиријците сами уште од првиот ден на граѓанската војна“.
„Фондацијата, која во рeгионот има испратено околу 15.000 камиони со хуманитарна помош, обезбедува услoви заедно со девет координациски центри, каде што работат 843 лица, вклучувајќи ги и волонтерите“.
„Во Сирија се отворени еден универзитет и 29 училишта. Исполнети се образовните потреби на над 160.000 лица“.
„Отворена е фабрика за производство на газа и пратени се вкупно 683 амбулантни возила“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека се отворени седум здравствени центри, вклучувајќи и мобилни болници. Исто така, биле поставени и 36 бунари и 16 резервоари за вода.
Пекарите на ИХХ, исто така, произведуваат 750.000 леба дневно, а во исто време нивните кујни подготвуваат храната за 60.000 луѓе во Сирија.
Во северната сириска покраина Идлиб е формирано и селото Рахмет.
Во селото има 100 куќи, болница, џамија, здравствен и социјален центар.
Турската хуманитарна фондација досега за помош во Сирија има потрошено 321 милиони долари.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони лица се раселени.