Şerife Çetin
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во рамките на мисијата на НАТО за воздушна полиција, во Романија ќе бидат распоредени италијански воздухопловни борбени авиони „Eurofighter“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од командата на НАТО во Германија (Aircom), борбените авиони на италијанските воздухопловни сили „Eurofighter“ помеѓу мај и јуни ќе бидат распоредени во воздухопловната база „Михаил Когалничеану“, во југоисточниот дел на Романија, каде што ќе ги извршуваат своите активности.
Во рамките на мисијата за контрола на воздушниот простор, која беше покрената од страна на НАТО по илегалната анексија на Крим од страна на Русија во 2014 година, се очекува 130-члената единица „Eurofighter“ на Италија да ги поддржи единиците за контрола на воздухот во Романија и заедно да спроведуваат воздушни летови.