Ahmet Gençtürk
06 Октомври 2023•Ажурирај: 08 Октомври 2023
АТИНА (АА) - Илјадници Италијанци маршираа низ целата земја за да ја подигнат свеста за ризиците од климатските промени, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Во главниот град Рим, студентите носеа транспаренти на кои пишуваше „Мисли на заедничкото добро“, „Отпор против негирање на климатските промени“ и „Стоп за војната, а не на нашата иднина“, според државната новинска агенција АНСА.
Агенцијата објави дека студентите одржале собири и во 34 други градови.