свет

Италија го прославува Денот на Републиката со национални свечености

- Италија денес ја одбележа 79-годишнината од преминот од монархија во република со национални свечености по повод Денот на Републиката.

Aida Cako  | 02.06.2025 - Обновена : 04.06.2025
Италија го прославува Денот на Републиката со национални свечености

СКОПЈЕ (АА) - Италија денес ја одбележа 79-годишнината од преминот од монархија во република со национални свечености по повод Денот на Републиката, јавува Анадолу.

Во рамките на официјалните церемонии што се одржаа во главниот град Рим, акробатскиот тим на италијанското воено воздухопловство, Фрече Триколори, изведе спектакуларен прелет на ниска надморска височина над споменикот на Виктор Емануел II.

Тие зад себе оставија траги во боите на италијанското знаме – зелена, бела и црвена – обоените линии што го разубавија небото над Вечниот Град.

Денот на Републиката се слави во чест на историскиот референдум од 1946 година, кога италијанските граѓани гласаа за укинување на монархијата и воспоставување република, по падот на фашизмот и крајот на Втората светска војна.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın