Murat Ünlü
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ПАРИЗ (АА) - Повеќето Французинки се изложени на сексуално вознемирување, покажува истражувањето што го спроведе „Odoxa“, компанија за истражување на јавното мислење, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу испитаниците, 91 отсто сметаат дека сексуалното вознемирување е важен проблем во француското општество.
Истражувањето покажува дека најмалку 53 отсто од жените барем еднаш биле изложени на сексуално вознемирување. Овој процент е повисок кога станува збор за жени на возраст под 35 години.
Француската полиција секојдневно бележи 146 пријави на сексуална злоупотреба.