Bayram Altuğ
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Од 25. август, кога започна новиот бран насилства, од Мјанмар во Бангладеш избегаа најмалку 800.000 аракански муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Џоел Милман, портпарол на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Женева изјави дека бројката на оние што спасот од насилствата го пронајдоа во Бангладеш порасна на 800.000. Овие бегалци воглавно се наоѓаат во камповите во градот Кокс Базар, каде што живеат во тешки услови.
Портпаролот Милман соопшти дека војската во четвртокот, во привремени кампови во Укхија и во Текнаф сместила 7.000 аракански муслимани кои се на наоѓале во пограничното подрачје на селото Анјуман.
Портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Дунија Аслам Кан, порача дека се соочуваат со најголемата бегалска криза забележана во последните години.
Таа истакна дека сѐ уште немаат добиено дозвола за пристап во Аракан. Кан нагласи дека бегалците пристигнуваат без престан. Тој најави меѓународна хуманитарна конференција за 23. октомври во Женева.
ОН упати повик да се основа фонд за помош на араканските муслимани во износ од 434 милиони долари.
Под изговор борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите недели разруши најмалку 200 муслимански села, од каде што стотици илјади лица избегаа во соседен Бангладеш.
Поради фактот што мјанмарската администрација не дозволува влез ниту излез во кризните подрачја, во тие места нема претстаници на меѓународните организации, па не е можно да се утврди точниот број на жртвите.