Ирска ќе издвои средства за реконструкција на Газа
- Ирска ќе издвои „милиони евра“ во наредните месеци за финансирање на реконструкцијата на Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Ирска ќе издвои „милиони евра“ во наредните месеци за финансирање на реконструкцијата на Газа, објави денес ирската телевизија РТЕ, јавува Анадолу.
Се очекува ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Харис, да му соопшти на Kабинетот дека се во тек подготовки за голем ирски пакет помош за поддршка на Газа, по одлуката на Ирска да се приклучи на Коалицијата за итни случаи за финансиска одржливост на Палестинската самоуправа.
Тој, исто така, ќе објави дека пратката од 1.500 шатори наменети за Газа вклучува 750 шатори од хуманитарните резерви на Ирска, додаде РТЕ.
Владата веќе најави дополнителни 6 милиони евра хуманитарна помош за луѓето од Газа, со што вкупниот придонес на Ирска од 2023 година достигна над 100 милиони евра.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.