свет, Операција Извор на мирот

Ирански ТВ канал прикажа стапица со мина поставена од ЈПГ/ПКК како да е од турската операција

Благодарение на фоторепортерот на АА, кој со својот објектив ја долови вистинската слика од настанот, се забележува дека припадниците на Сириската национална војска им помагаат на ранетите цивили по експлозијата на мина поставена од страна на ЈПГ/ПКК

Enes Canlı  | 22.10.2019 - Обновена : 23.10.2019
Ирански ТВ канал прикажа стапица со мина поставена од ЈПГ/ПКК како да е од турската операција

АНКАРА

Во напорите за манипулација против операцијата „Извор на мирот“, која е започната со цел да се уништи обидот за формирање терористички коридор долж јужната граница на Турција и носење мир и спокој во регионот, се вклучи и иранската државна телевизија „Хиспан“ (HİSPAN), која емитува програма на шпански јазик. Овој медиум се обиде да ја изврти вистината за фотографијата за стапица со мина, поставена од страна на терористичката организација во Тел Абјад, на која се гледа како цивилите бегаат по нејзината експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).

Телевизискиот канал „Хиспан“ (HİSPAN) преку својот профил на социјалните мрежи на шпански ја сподели објавата „Турската војска во северниот дел на Сирија изведе напад со кој ги загрози животите на цивилите“.

Но благодарение на фоторепортерот на АА, кој се наоѓал во подрачјето и со својот објектив ја долови вистинската слика од настанот, покажувајќи дека припадниците на Сириската национална војска (СНВ) им помагаат на ранетите цивили по експлозијата на мина поставена од страна на ЈПГ/ПКК во градот Тел Абјад. Се покажа дека настанот забележан на фотографиите прикажани од страна на ТВ-каналот „Хиспан“ (HİSPAN), со кој сакаше да ја оцрни операцијата, всушност е резултат на експлозија на мина подметната од страна на терористичката организација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.