Sena Güler
31 Мај 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Иранската активистка за човекови права и добитничка на Нобелова награда, Ширин Ебади, денес повика да им се суди во Меѓународниот суд на лидерката на Мјанмар и воените генерали, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надевам дека на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи и воените генерали ќе им се суди на непристрасниот Меѓународен суд, поради обвиненијата за извршениот геноцид во Мјанмар“, изјави Ебади во соопштение.
„Тоа е пораката која ќе ја пренесам и на собирот утре кој ќе се одржи во Долниот дом на францускиот Парламент, а на кој ќе присуствуваат француските граѓани и политичари, меѓународни адвокати и активисти за права, како и бегалците од Аракан“, изјави Ебади, осврнувајќи се на меѓународната конференција закажана за 1 јунив во Париз, на која таа ќе одржи воведен говор.
Нагласувајќи дека Рохинџите се најголемата етничка група на светот без државјанство, Ебади рече дека тие биле подложени на „бавен геноцид“.
Споделувајќи го нејзиното искуство од нејзиното патување на границите на Бангладеш заедно со другите активисти за човекови права Маиред Магуир од Северна Ирска и Тавакол Карман од Јемен, Ебади рече дека таму запознале 100 жени и девојки Рохинџи кои во периодот од август 2017 до март 2018 година, пред да побегнат од безбедносните сили во Мјанмар, преживеале или сведочеле на систематското силување вршено по наредба.
„Тогаш сфативме дека приказните за ужасите од прва рака обликувале образец, иако жртвите и сведоците со кои разговаравме доаѓаа од различни географски и семејни опкружување“, додаде Ебади.
Ебади нагласи дека војската на Мјанмар ја 'институционирала и популаризирала' идејата дека домородната муслиманска популација која од почетокот на 1960 година живее во близина на границата на Бангладеш е 'најголема закана за националната безбедност'.
- Исламофобија
„Лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, сама стана жртва на Исламофобијата“, вели Ебади.
„Су Чи претседава со партија која е 'исчистена од муслиманската застапеност', и го промовира ставот дека мјанмарската војска само ја штити земјата од муслиманскиот 'тероризам'“, додаде таа.
Таа ја критикуваше лидерката на Мјанмар поради тоа што инцидентите на сексуално насилство и јавното соголување на жените од Аракан ги изнесува како 'измислени приказни'.
„Специјалната пратеничка на ОН за сексуално насилство, Primila Patten од Маврициус исто така јавно ја изнесе својата вознемиреност во врска со одбивањето на Су Чи значајно да се заложи за прашањето во врска со систематското сексуално насилство од страна на војската врз илјадници жени и девојки Рохинџи, од кои многу од нив не успеаја ниту да стигнат до камповите во Кокс Базар“, додаде Ебади.
Таа исто така предупреди дека де-факто лидерката на земјата треба да знае дека не вклучувањето во активност против геноцидот може да сноси морална и легална одговорност.
Ебади потсети на протестите оргаизирани за Су Чи додека таа била во домашен притвор.
Исто така нагласи дека Су Чи ја има најголемата моќ на управување, додавајќи:
„Ме зачудува како некој кој бил активист и бил подложен на тиранија со години, сега со своето молчење ги одобрува злосторствата врз невооружените невини луѓе“.
- Прогон на Рохинџите
Араканските муслимани Рохинџи веќе со години се најзагрозено етничко малцинство во светот, а од 25 август се соочуваат со нов бран насилства во мјанмарскиот регион Аракан.
Податоците на ОН покажуваат дека од 25 август во 2017 година, од насилствата во Мјанмар, во Бангладеш побегнале повеќе од 750.000 лица. Сателитските снимки на меѓународните организации за заштита на човековите права покажуваат дека на тоа подрачје исчезнале неколку стотици муслимански села.
Според податоците на „Лекари без граници“, од 25 август до 24 септември минатата година, се убиени најмалку 9.400 муслимани.
Во последниот извештај на хуманитарната организација се вели дека смртта на 71,1 отсто односно на 6.700 Рохинџи била предизвикана од насилство. Во нив спаѓаат и 730 деца на возраст под пет години.
Муслиманското малцинство Рохинџа е дефинирано од страна на ОН како најугнетен народ, кој се соочува со голем страв од напади, откако десетици беа убиени во општите нереди во 2012 година.