Mustafa Melih Ahıshalı
25 Јануари 2023•Ажурирај: 26 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за разузнавање на Иран, Исмаил Хатиб, истакна дека се фатени 12 терористички тимови за кои се тврди дека се поврзани со Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Тесним“, Хатиб даде информации за работите спроведени против можни терористички напади кон неговата земја.
„Фатени се 12 терористички тимови поврзани со Иран кои биле подготвени да вршат акти со цел да се предизвикаат немири во земјата“, рече Хатиб.
Тој тврди дека овој обид е планиран од страна на непријателите на Иран откако не биле добиени некои резултати од демонстрациите во врска со Махса Емини.