Ekipa
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот врховен лидер Али Хаменеи денес официјално му ја додели извршната власт на Хасан Рухани, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вториот мандат на Рухани во кабинетот беше официјално инициран од страна на врховниот лидер”, објави новинскaта агенција Тесним.
На церемонијата на инаугурација, Рухани беше цитиран велејќи дека неговиот втор мандат во кабинетот (кој го обезбеди на изборите на 19 мај) ќе биде одбележан со слободен пристап до информацииte и слободно изразување на мислењето помеѓу сите сегменти во општеството.
Претседателот, кој е член на иранскиот реформистички камп, исто така вети дека ќе ја искористи својата извршна власт за да ја искорени сиромаштијата, во борбата против корупцијата и намалувањеto на инфлацијата.
Хаменеи, беше цитиран велејќи: „И покрај тековните обиди за изолирање на Иран, народот не беше изолиран и ќе продолжи да соработува со светот предизвикувајќи ги исто така и хегемонистичките сили”.
Тој ги опиша САД како „најагресивна држава на светот”, повикувајќи го политичкото раководство на Иран да остане непоколебливо во лицето на надворешните закани насочени против него.
На изборите на 19 мај, Рухани освои 23,5 милиони гласови од 41 милиони гласачки ливчиња, победувајќи го тврдокорниот ривал Ибрахим Раиси, кој обезбеди 38,5 отсто од гласовите.