Ali Abo Rezeg
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ТЕХЕРАН (AA) – Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека се ослободени дел од членовите на посадата на заробениот британски танкер „Стена имперо“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Паралелно со тоа, Иранската државна телевизија јавува дека се ослободени седум морнари од британскиот брод кој Револуционерната гарда на Иран го зароби на 20 јули во Ормудскиот Теснец.
На заробениот британски брод беа вкупно 23 члена на посадата, но никој од нив не е државјанин на Велика Британија.
Британската морнарица на почетокот на јули на Гибралтар зароби ирански танкер под обвинение дека превезува нафта во Сирија и крши меѓународни санкции. Танкерот и посадата се пуштени од Гибралтар на 19 август.