Ehsan Nasirpour,Tolga Akbaba
12 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
АНКАРА (AA) - Иран на Авганистан му испорача најмалку 242 затвореника кои претходно се осудени во оваа земја, потврди заменик-министерот за правда на Иран, Махмуд Абаси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абаси рече дека испорачувањето на авганистанските државјани во нивната земја е извршено во согласност со Договорот помеѓу Иран и Авганистан, кој го потпишаа министрите за правда на двете земји, а според кој Иран во рок од една година на Авганистан ќе му предаде 700 затвореници.
Иранската државна телевизија објави дека станува збор за државјани на Авганистан кои се осудени за кривични дела трговија со наркотици и обид за илегално влегување на територијата на Иран.
Авганистанските затвореници остатокот на затворската казна ќе го издржуваат во земјата.
Во Иран затворска казна издржуваат околу 5.000 Авганистанци, додека во Авганистан зад решетки се наоѓаат 22 државјани на Иран.