Mustafa Melih Ahıshalı
24 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Силите на Револуционерната гарда на Иран соопштија дека се приведени осум странски државјани во Персискиот Залив откако е извршена заплена на танкер што наводно транспортирал криумчарено гориво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што објави иранската државна телевизија, морнарицата на Револуционерната гарда информирала дека во северниот дел на Персискиот Залив запленет е танкер под странско знаме, додавајќи дека се приведени 8 лица.
Во веста се наведува дека танкерот превезувал 200.000 литри криумчарено гориво.
Не е објавен податокот под кое знаме пловел танкерот.
Танкерот е одвлечен до пристаништето Бушер, град во Иран, центар на покраината Бушер и важно пристаниште на брегот на Персискиот Залив.