Ahmet Dursun
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Иран ги осуди израелските напади врз Сирија, и од земјата е порачано дека молкот на меѓународната заедница го поттикнува Израел на агресивност, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нападите на ционистичкиот режим во Сирија, кои се темелат на неосновани тврдења, претставуваат нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, а во исто време се во спротивност со меѓународните закони и одредби“, порача портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бехрам Касими.
Тој истакна дека „молкот на меѓународната заедница за овие напади го поттикнува Израел на агресивност“.
Израелските сили доцна синоќа изведоа жестоки напади во градовите Баас и Хадар во сириската покраина Кунеитра. Претходно е соопштено дека израелските сили пресретнале најмалку 20 ракетни проектили кои иранските сили ги истрелале синоќа врз Израел.