Ekipa
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
МАДРИД (АА) - Сепаратистичките каталонски партии имаат цел до почетокот на следната недела да изберат регионален претседател, со што ќе биде завршен петмесечниот политички застој поради обид за отцепување на Каталонија од Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Собранието на Каталонија беше најавено дека пратеникот Квим Тор ќе биде кандидат за претседател, и дека гласањето ќе се одржи в сабота.
Со оглед на тоа што сепаратистичките партии немаат доволно гласови за избор на претседател во првиот круг на гласање, се очекува дека вториот круг ќе се одржи в понеделник, кога Тор може да биде избран од страна на слабото мнозинство.
Каталонија е без претседател и Влада од декември минатата година и вонредни регионални избори.
Владата на Шпанија е решена да не се откажува од административната контрола врз Каталонија, додека нејзините лидери не го почитуваат Уставот на Шпанија, според кој Шпанија е „неделива“.