Muhammet Kurşun
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ТЕХЕРАН
Министерот за одбрана на Иран, Амир Хатамо ги обвини властите на САД и Израел дека тероризмот го користат како алат за ширење на влијание во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хатами присуствуваше на состанокот на ресорните министри на Асоцијацијата на земјите на Индискиот океан (IORA) кој е одржан во индискиот град Бангалору.
Тој истакна дека Индискиот океан за Иран претставува врата во светот и ги повика крајбрежните земји на праведно користење на океанските ресурси.
Хатами во обраќањето остро ги критикуваше САД и воздушниот напад во кој во Багдад е убиен и генералот Касим Сулејмани, командантот на елитната единица на Револуционерната гарда на Иран.
„САД и ционистичкиот режим ја користат секоја прилика тероризмот да го употребат како алат за ширење на нивното влијание“, изјави Хатами.
Командантот на елитната иранска единица Кудс, генералот Сулејмани е убиен на 3 јануари минатата година во воздушен напад кој американските сили го извршија во Багдад. Во нападот се убиени вкупно десет лица.