свет

Иран ги негираше наводите за преговори со САД

„Иран на преговорите со САД не учествува ниту на едно ниво“

Ekipa  | 14.07.2019 - Обновена : 15.07.2019
Иран ги негираше наводите за преговори со САД

ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Сеид Абас Мусеви, ги негираше наводите дека неговата земја со посредување на Русија започнала преговори со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).

Новинската агенција ИРНА јавува дека Мусеви ги негирал пишувањата дека Техеран преку Москва преговара со САД.

„Иран на преговорите со САД не учествува ниту на едно ниво“, изјави Мусеви.

Претходно одредени медиуми пренесоа дека министрите за надворешни работи на Иран и САД преговорите ги воделе со посредство на Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın