Burç Eruygur
29 Февруари 2024•Ажурирај: 01 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес соопшти дека соборила борбен авион на Москва над источните региони на земјата, пренесува Анадолу.
Микола Олешчук, командант на Украинските воздухопловни сили, преку Телеграм соопшти дека соборениот руски авион е Сухој Су-34.
Не се објавени дополнителни информации за инцидентот, додека руските власти сѐ уште не го коментираа тврдењето на Украина.
Пред повеќе од две години, на 24 февруари 2022 година, Русија започна, како што ја нарече, „специјална воена операција“ во Украина.