Ayşe Doğru
14 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди јужниот дел на индонезиската покраина Северен Малуку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресoт со јачина од 7,3 степени бил на 166 километри југоисточно од градот Тернате, на длабочина од 10 километри.
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека јачината на земјотресот изнесува 7,2 степени и дека не постои можност за цунами.
Според вестите на локалните медиуми, замјотресот предизвикал паника во градот, додека поради последователните потреси, стотици лица во градот Лабуха, кој е најблизок град до епицентарот на земјотресот, се засолниле во привремени засолништа.
Во подрачјето на Јужна Халмахара е оштетена една куќа од земјотресот.