Mustafa Melih Ahıshalı
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Заменик-министерот за здравство на Иран, Али Риза Реиси, истакна дека последната недела 19 лица во земјата починале како резултат на вирусот H1N1 (свински грип), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Реиси тоа го потврди во изјава за Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА).
„Во последната недела починаа 19 од вкупно 273 лица кај кои е откриен вирусот H1N1 и кои се лекуваат во различни болници“, рече Реиси.
Тој нагласи дека е забележан раст на случаите на свински грип во споредба со минатата година.
Според него, овој вирус најмногу е забележан во иранските покраини Голестан, Мазандаран, Кохгилујех и Бујер Ахмед, Керман и Ахваз.