свет

Ирак: Протестите од Басра се проширија на Багдад

Советот за национална безбедност итно е свикан под претседавање на премиерот Хаидар ал Абади и донесе одлука да го намали пристапот на интернет во градот.

Seyit Ahmet Aytaç  | 14.07.2018 - Обновена : 15.07.2018
Ирак: Протестите од Басра се проширија на Багдад (Foto: Murtadha Sudani / AA)

Bagdad

БАГДАД (AA) – Владата на Ирак одржа итна седница во саботата, по протестите кои се проширија на главниот град Багдад, организирани поради големата невработеност и недостатокот на основните услуги, пренесува Anadolu Agency (AA).

Советот за национална безбедност итно е свикан под претседавање на премиерот Хаидар ал Абади и донесе одлука да го намали пристапот на интернет во градот.

Загриженоста поради демонстрациите се шири во сите делови од Багдад. Протестите почнаа во јужниот дел на областа Басра и во вечерните часови во петокот се проширија на главниот град.

Демонстрантите излегоа на улиците барајќи оставки на владините функционери, а некои од нив запалија гуми за да ги блокираат патиштата. Во областа Мајсан безбедносните сили пукаа кон демонстрантите, убивајќи едно лице, додека 15 се повредени.

Тензиите во Басра почнаа да растат минатата недела кога безбедносните сили убија еден демонстрант во текот на протестите, организирани поради големата невработеност и константните прекини во напојувањето со електрична енергија.

Во петокот наутро Абади ја посети Басра и вети дека ќе ги исполни сите барања на демонстрантите.

Она што посебно ја загрижува Владата е фактот што дури 80 отсто од вкупниот извоз на суровата нафта потекнува токму од нафтените полиња во Басра. Домашното население со години се жали на тоа што во енергетскиот сектор се вработени странци, а не тоа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın