свет

Ирак ги објави конечните резултати од парламентарните избори

Изборната комисија соопшти дека партијата на Ал-Садр освоила 73 места во 329-члениот Парламент, е по неа следува коалицијата „Такадум“ (Прогрес) на претседателот на Парламентот, Мухамед ал Халбуси, со 37 места

Ekipa  | 17.10.2021 - Обновена : 18.10.2021
Ирак ги објави конечните резултати од парламентарните избори

БАГДАД (АА) – Изборната комисија на Ирак ги објави конечните резултати од парламентарните избори кои се одржаа минатиот викенд, со доминација на Алијансата на шиитскиот водач Муктада ал-Садр, „Саирон“ во изборните резултати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Комисијата соопшти дека партијата на Ал-Садр освоила 73 места во 329-члениот Парламент, е по неа следува коалицијата „Такадум“ (Прогрес) на претседателот на Парламентот, Мухамед ал Халбуси, со 37 места.

Коалицијата за правна држава предводена од поранешниот премиер Нури ал-Малики е на трето место со 34 места во Парламентот, а по неа следува Курдистанската демократска партија со 32 места.

Според резултатите, Алијансата „Азем“ на ирачкиот милионер Камис Канџар освои 12 места, Патриотската унија на Курдистан освои 16 места, Коалицијата „Ал-Фатах“ освои 17 места, Движењето „Имтидад“ и Движењето на новата генерација освоија по 9 места, додека независните освоија 40 места.

Резултатите допрва ќе треба да бидат потврдени од ирачкиот Федерален суд.

Изборната комисија соопшти дека излезноста на 10 октомври достигнала до 43 проценти.

Коалицијата „Ал-Фатах“, поддржана од Иран, веќе најави отфрлање на резултатите од гласањето.

На изборите за места во Парламентот се натпреваруваа 3.249 кандидати преку 21 коалиција и 109 партии.

Изборите првично беа закажани за 2022 година, но политичките партии одлучија да одржат предвремени избори по масовните протести што избија во 2019 година против длабоко вкоренетата корупција и лошото владеење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.