Esin Eşkinat Sayılgan
15 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Весникот „Вол стрит журнал“, кој стигна до внатрешните извештаи на Фејсбук, открива дека во извештаите неколку пати се рефлектира штетата на апликацијата Инстаграм врз младите луѓе, особено врз девојчињата адолесцентки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Соодветно на тоа, во еден од извештаите има информации дека 13 отсто од британските и 6 проценти од американските корисници кои размислуваат за самоубиство, проблемот за самоубиство го припишуваат на Инстаграм.
Во извештајот, исто така, се истакнува дека 32 отсто од тинејџерките сметаат дека Инстаграм уште повеќе ја влошува ситуацијата тогаш кога имаат лоши чувства за своите тела.
Од друга страна, 14 отсто од тинејџерите се чувствуваат лошо поради Инстаграм.
Сепак, Фејсбук одлучи дека мнозинството млади луѓе не се негативно погодени од Инстаграм, и дека почетната страница на избраните објави најмногу ги засега младите.
Наведувајќи дека извештајот му бил претставен на извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, весникот тврди дека компанијата не може да најде решение што би спречило младите да не бидат повредени, а во исто време да им дозволи постојано да ја користат апликацијата.
И покрај сите овие податоци, соопштено е дека Фејсбук разви апликација на Инстаграм за деца на возраст до 13 години.
Веста на „Вол стрит журнал“ предизвика реакција кај конгресмените во САД.
Претставничката на Масачусетс, демократката Лори Трахан, упатувајќи критики до Фејсбук, ја повика компанијата веднаш да ги напушти плановите за развој на апликации за деца и да работи на заштита на сегашните корисници од штетни ефекти.
Републиканката Кејти Мекморис Роџерс, претставник од Вашингтон, потсети дека Комисијата за енергетика и трговија на Претставничкиот дом, и покрај нејзините повици, одбила да објавува јавни извештаи за менталното здравје на децата.
Од друга страна, Фејсбук наведе дека не можат да споделуваат истражувања заради заштита на имотните права и приватните информации на корисниците.
Четириесет отсто од корисниците на Инстаграм се млади на возраст под 22 години.
Се истакнува дека во САД секој ден Инстаграм го користат 22 милиони млади луѓе, додека Фејсбук го користат 5 милиони млади луѓе.
Меѓу другото, се наведува дека младите луѓе поминуваат 50 отсто повеќе време на Инстаграм отколку на Фејсбук.