Qays Abu Samra,Zeynep Hilal Karyağdı
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските војници интервенирале врз Палестинците што протестирале во Западен Брег против одлуката на САД за Кудс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, палестинските демонстранти протестирале во градовите Рамала и Ел Бире против одлуката на САД за Кудс. Израелските војници интервенирале врз демонстрантите со гумени куршуми и солзавец.
Според соопштеното, демонстрантите одговориле со камења и молотови коктели.
Слични настани се случиле и во некои места во градовите Бејтулахим, Ел Халил и Ериха.
- Повреден еден Палестинец -
Од друга страна, се истакнува дека израелските војници погодиле и повредиле еден Палестинец, под изговор дека се обидел да изведе напад со нож.
Во веста на интернет-страницата на весникот „Једиот Ахаронот“ („Yediot Aharonot“) се тврди дека двајца Палестинци се обиделе да извршат напад со нож врз Израелците во градот Наблус, на што интервенирале израелските војници.
Се истакнува дека во случајот е повреден еден Палестинец, додека друг е приведен.
Израелските власти не дадоа официјална изјава за овој случај.