Mahmut Atanur
30 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Се случи експлозија во вулканот Агунг кој се наоѓа на индонезискиот остров Бали, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Вулканолошкиот и геолошки центар на Индонезија, експлозијата се случила во вулканот Гунунг Агунг на Бали, а во околината на вулканот е наталожен слој од пепел.
Се истакнува дека не е измерена височината на исфрлениот пепел и чад поради интензивната магла во горниот дел на вулканот.
Кон локалното население и туристите кои се наоѓаат на островот упатен е апел да се оддалечат од опасните подрачја.
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека поради вулканот сѐ уште на сила е портокаловиот аларм кој e издаден пред извесно време, и упати предупредување да се вршат активности во размер од 4 километри околу кратерот.
Поради пепелот и чадот што ги исфрли овој вулкан во јуни оваа година, некои аеродроми на Бали и Источна Јава беа привремено затворени.
Во Индонезија се наоѓаат околу 130 активни вулкани.