Handan Kazancı
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ЏАКАРТА (АА) - Бројот на смртни случаи се зголеми на четири, а утврдениот број на исчезнати лица е 192, соопшти индонезиската Влада по тридневните спасувачки операции и истрага за потонатиот траект во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Патничкиот траект потона во понеделникот во езерото Тоба, во близина на градот Maден во северниот дел на Суматра, а првично беше соопштено дека загинало едно лице, а 49 се исчезнати.
Шефот на цивилната одбрана, Мухамад Сјауги, соопшти дека спасувачките екипи од езерото извлекле четири тела, а дека се спасени 18 луѓе.
„По истрагата и разговорот со сведоците на несреќата и со ужалените семејства, ние откривме дека во бродоломот исчезнале 192 лица“, рече Сјауги. Индонезиското Министерство за транспорт соопшти дека спасувачката операција ќе трае најмалку уште три дена, а во неа учествуваат повеќе од 400 спасувачи.
Полицијата се сомнева дека потонувањето на бродот се случило поради лошите временски услови и преголемиот број патници, поради што е започната истрага.