Nuri Aydın
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
АНКАРА (АА) - Индискиот министер за надворешни работи, Субрахмањам Џаишанкар, соопшти дека Индија може да обезбеди повеќе пченица доколку дозволат прописите на Светската трговска организација (СТО), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џаишанкар за „Times of India“ даде оценки за ставот на Индија во руско-украинската војна и за намалувањето на понудата на пченица на регионално и глобално ниво поради војната.
Тој наведе дека Индија сака да игра поголема улога во глобалните работи.
Нагласувајќи дека се подготвени да го затворат дефицитот предизвикан од прекинатото производство на пченица поради руско-украинската војна, Џаишанкар додаде дека можат да набават повеќе пченица доколку дозволат регулативите на СТО.
Се посочува дека поради руско-украинската војна, одгледувањето на пченица и залихите се значително намалени, а исто така може да има и проблеми при снабдувањето со некои основни прехранбени производи.