Elena Teslova
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
МОСКВА (АА) - Русија и Белорусија ќе одржат заедничка воена вежба со почеток од денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вежбата на заедничкиот персонал ќе се одржи во воздухопловните сили и силите за воздушна одбрана на Белорусија од 26-29 април со учество на претставници на Вооружените сили на Руската Федерација“, се вели од белоруското Министерство за одбрана.
Двата сојузници одржаа воени вежби и овој февруари, во неделите пред почетокот на руската војна во Украина.