Emel Öz Gözellik
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Индиската Влада го одобри буџетот од 1,5 милијарди долари за вселенската програма, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, владата на премиерот Нарендра Моди одобрила буџет од 1,5 милијарди долари за вселенската програма.
Индискиот министер задолжен за развој, Џитендра Синг, укажувајќи на важноста на одобрувањето на овој буџет, истакна дека Индија повеќе нема да има потреба од космодромите во други земји за лансирање на тешки сателити кои можат да бидат со тежина и до 4 тони.
Синг рече дека во рамките на овој буџет, во период од четири години ќе бидат лансирани голем број сателити.
Индија во февруари лансираше 31 сателит.