Emel Öz Gözellik
03 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
ПАТНА (АА) - Во источниот дел на Индија, во сојузната држава Бихар, се случи железничка несреќа во која воз излета од шините. Во несреќата животот го загубија 7 лица, а 29 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорните за железничкиот сообраќај соопштија дека од шините излетале девет вагони на воз кој се движел кон Њу Делхи.
Тие соопштија дека несреќата се случила на 30 километри северно од градот Патна и дека во неа загинале 7 лица, а дека 29 се повредени.
Во изјавата се истакнува дека меѓу повредените 2 лица се наоѓаат во тешка состојба.
Во тек е истрага за откривање на причините на несреќата.