Umur Koçak Semiz
05 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во индиската сојузна држава Утар Прадеш се судрија автобус и камион. Во сообраќајната несреќа животот го загубија 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Times of India" (Тајмс оф Индија) информира дека во градот Бареjли, одалечен 250 километри од Лакнау, главниот град на сојузната држава Утар Прадеш, се случила сообраќајна несреќа.
Официјалните претставници соопштија дека причина за несреќата во којашто се судрија автобус и камион се прекумерната брзина и неправилното претекнување. По сообраќајката, автобусот се запалил, поради што не можеле да се отворат автоматските врати, а патниците останале заробени во него.
Во несреќата загинаа 22 лица, додека 15 се потешко повредени.
Официјалните претставници истакнуваат дека поголемиот дел од повредените се во критична состојба и се загрижени од можноста да се зголеми бројот на загинатите.
Во меѓувреме, полицијата започна операција за пронаоѓање на возачот на камионот, кој по сообраќајката избегал од местото на несреќата.
Запоставените индиски патишта, старите возила и невнимателните возачи се причина за голем број сообраќајни несреќи во земјата, во кои секоја година животот го губат повеќе од 100.000 лица.