Recep Şakar
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
МЕЛБУРН (АА) - Поради климатските промени и зголемувањето на нивото на морето, ќе се зголеми и количината на сол во листот на еукалиптусот, што ќе има негативно влијание врз животот на коалите коишто живеат во крајбрежните области, јавува Anadolu Agency (AA).
Научничката Ребека Монтеки-Дрејк со помош на администрацијата на градот Порт Макари во Нов Јужен Велс, Австралија, состави извештај во кој се наведува дека климатските промени и нивото на морето за 50 години ќе погодат 14 проценти од живеалиштата на коалите, а за 100 години ќе бидат зафатени 22 проценти од живеалиштата.
Според неа, зголемувањето на нивото на морето ќе го зголеми и количеството на сол во листот на еукалиптусот, што ќе има негативно влијание врз животот на коалите коишто живеат во крајбрежните области.
Монтеки-Дрејк предупредува дека со промената на условите во животната средина ќе се зголемат токсините во листот на еукалиптусот, поради што коалите ќе имаат помалку храна.
Кoaлите се еден од симболите на Австралија, а живеат на дрво, хранејќи се исклучиво со листови од дрвото еукалиптус.
Статистичките податоци покажуваат дека во природните живеалишта има околу 40.000 коали.