Ekip
26 Август 2023•Ажурирај: 28 Август 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА)
Најмалку 10 лица загинаа, а неколкумина се повредени во пожарот што избувна во воз во јужниот дел на Индија, потврдија денес индиски официјални лица, пренесува Анадолу.
Јужноиндиската железница потврди дека бројката на настрадани во несреќата во Мадураи Јарду, во државата Јужен Тамил Наду. Во соопштението се наведува дека пожарот го предизвикала „нелегална плинска боца“.
Официјални лица информираа дека бил пријавен пожар „во приватен вагон и дека персоналот на противпожарната служба веднаш пристигнал на местото на настанот“.
„Патниците во приватен вагон илегално прокриумчариле плинска боца и предизвикале пожар“, се вели во соопштението.
Компанијата соопшти дека на патниците не им е дозволено да носат запаливи материјали, како што се плински боци.