Şeyma Uzundere
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Повредени се 17 патници откако авион „Боинг 737“ влезе во зоната на турбуленции во Индија, известува Агенција Анадолија (АА).
„Би-би-си“ објави дека настанот се случил на 1 мај, а снимките биле неодамна презентирани.
„Боингот 737“ на компанијата „СпајсЏет“ летал од Мумбаи до Дургапур.
Авионот, во кој имало 200 патници и членови на екипажот, за време на слетувањето влегол во зоната на турбуленции. Турбуленциите што траеле 17 минути предизвикале паника и страв кај патниците.
Повредени се 17 лица кои не користеле појаси.