Çiğdem Münibe Alyanak
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - 104.325 луѓе ја посетија истанбулската џамија Аја Софија-и Кебир вчера, на првиот ден од Рамазан бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул, најнаселениот град во Турција, изјави дека Аја Софија имала најголем посетители од нејзиното повторно отворање во 2020 година.
„Бројот на посетители на нашата џамија, симболот на Истанбул, на првиот ден од Бајрам достигна 104.325“, рече Јерликаја.
Џамијата Аја Софија во Истанбул беше повторно отворена за верски церемонии на 24 јули 2020 година, по 86 години. На тој ден, Аја Софија беше отворена за молитва со џума намазот.
Откако беше повторно отворена за молитва на 24 јули 2020 година, џамијата Аја Софија во Истанбул ја посетија милиони луѓе.
Аја Софија како црква служеше 916 години, до османлиското освојување на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.
На 10 јули 2020 година, Судот на Турција ја поништи одлуката на поранешната влада на Турција да ѝ додели на Аја Софија статус на музеј на 24 ноември 1934 година. Со поништување на споменатата одлука, статусот на џамијата ѝ е вратен на Аја Софија.
Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.