Selen Temizer,Ekip
04 Февруари 2022•Ажурирај: 06 Февруари 2022
БРИСЕЛ
Иако меѓународната заедница не остана рамнодушна на смртта на 19 нерегуларни мигранти, кои беа вратени на турска територија од грчките гранични единици, Грција не беше директно наведена како одговорна страна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лиз Тросел, портпаролка на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦР), рече дека извештаите за смртта на мигрантите се навистина тажни и дека случајот треба веднаш да се истражи.
Тросел, исто така, рече дека Канцеларијата на ОН за човекови права постојано нагласува дека државите имаат право да вршат јурисдикција на нивните меѓународни граници, но тоа треба да биде во согласност со обврските за човековите права.
Портпаролката на Агенцијата за бегалци на ОН, Шабија Манту, за АА го опиша замрзнувањето до смрт на нерегуларните мигранти како „кршење на срцето“.
„Шокирани сме и длабоко тажни од вестите“, изјави Манту.
„Повикуваме на итна истрага. Го повторуваме нашиот повик да се осигураме дека животите, правата, безбедноста и благосостојбата на бегалците и мигрантите се заштитени и ставени на прво место“, рече таа.
Портпаролката на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Сафа Мшехли, рече дека е ужасната од вестите за пријавената смрт на нерегуларните мигранти.
- Германија повикува на истрага
Германското Министерство за надворешни работи во соопштението рече дека Владата е загрижена поради извештаите за загинати на грчко-турската граница, додавајќи: „Важно е да се откријат вистинските околности на овој инцидент“.
„Секој вид мерка за заштита на границите мора да ги исполнува хуманитарните стандарди под сите околности и треба да биде во согласност со одредбите на европското и меѓународното право“, се вели во соопштението.
- Комисијата на ЕУ
Анита Хипер, портпаролка на Европската комисија, рече дека длабоко жалат за загубата на животи.
„Секој таков третман, доколку се потврди дека е вистинит, би бил неподнослив“, рече таа, додавајќи дека еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, била во близок контакт со грчкиот министер за ова прашање.
На прашањето што значи „блискиот контакт“, таа рече дека Јохансон разговарала за ова прашање со грчкиот министер за миграција и азил, Нотис Митаракис, на неформалниот собир на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ во Франција, иако Митаракис имал ограничени информации за ова прашање и рекол дека нерегуларните мигранти не се движеле кон грчката граница.
Според Хипер, Јохансон рече дека ЕУ треба да ги заштити границите и да ги спречи нередовните пристигнувања, но тоа треба да се направи во согласност со европските вредности и да се заштити правото на азил.
- Грчко демантирање
Митаракис, од своја страна, изјави дека изјавите на турските власти за трагичниот настан што се случи додека тие се обидуваа да ги преминат европските граници се неприфатливи и дека Турција имала одговорност да ги спречи илегалните преминувања.
Грчкиот министер рече дека изјавите на турските власти се неосновани тврдења и наводи дека нерегуларните мигранти „никогаш не стигнале до [грчката] граница.
Безживотните тела на вкупно 11 илегални мигранти беа пронајдени во средата во областа Едрене во северозападна Турција, која граничи со Грција. Еден мигрант подоцна почина во болница.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, рече дека на нерегуларните мигранти им била соблечена облеката и обувките од страна на грчките гранични единици кои потоа ги турнале назад на турска територија.
Следниот ден, во истиот регион беа пронајдени мртви уште 7 нелегални мигранти, со што бројот на загинати се искачи на 19.