Elena Trenchevska Chekovic
12 Октомври 2025•Ажурирај: 13 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници Израелци се собраа на Плоштадот на заложниците во Тел Авив за прослават за постигнатиот договор за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
Собирот се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата објави дека Израел и Хамас се согласиле со првата фаза од планот од 20 точки што го претстави на 29 септември за воведување прекин на огнот во Газа, ослободување на сите израелски заробеници што се држат таму во замена за околу 2.000 палестински затвореници и постепено повлекување на израелските сили од целиот Појас Газа. Првата фаза од договорот стапи на сила во петокот во 12 часот по локално време.
Втората фаза од планот предвидува воспоставување нов управувачки механизам во Газа без учество на Хамас, формирање на безбедносни сили составени од Палестинци и војници од арапските и исламските земји и разоружување на Хамас.
Од октомври 2023 година, во израелските напади во Појасот Газа убиени се повеќе од 67.600 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.