Камиони со хуманитарна помош почнаа да влегуваат во Газа согласно договорот за прекин на огнот
Извори за Анадолу изјавија дека голем број камиони со хуманитарна помош почнале да минуваат низ граничниот премин Керем Шалом, кој е под израелска контрола, во јужна Газа

ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Камиони со хуманитарна помош денес почнаа да влегуваат во Појасот Газа, согласно договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, соопштија локални извори, јавува Анадолу.
Извори за Анадолу изјавија дека голем број камиони со хуманитарна помош почнале да минуваат низ граничниот премин Керем Шалом, кој е под израелска контрола, во јужна Газа.
Влезот на камионите со помош се случува откако првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила во петокот, согласно планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на двегодишната израелска војна во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.