Fuat Kabakcı
24 Август 2019•Ажурирај: 25 Август 2019
ХОНГКОНГ (AA) - Илјадници граѓани повторно излегоа на улиците на Хонгконг, изразувајќи на овој начин незадоволство поради нацрт-законот за испорачување обвинети на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите кои во Хонгконг траат три месеци, денеска продолжија и во другите градови. Илјадници демонстранти порачаа: „Независен Хонгконг, сега е демократија“.
Во Хонгконг се затворени некои улици и стопиран е метро сообраќајот. За полицијата велат дека е „гангстерска“ и направија барикади од пластика, стебла и канти за отпад.
Се очекува дека протестите ќе траат до 19 часот по локално време.
Најмасовните протести во Хонгконг се одржани изминатиот викенд. Организаторите тврдат дека на протестите учествувале 1,7 милиони демонстранти, додека од полицијата тврдат дека се работело за 130.000 луѓе.
Хонгконг е автономен регион кој Велика Британија во 1997 година го препуштила на Кина. Во согласност со постоечкиот договор, Хонгконг има статус на автономија во внатрешната политика, а Кина ја води надворешната и одбранбената политика. Таквиот статус е предвиден до 2047 година.