Израелците протестираа во Тел Авив барајќи враќање на останките на заложниците од Газа
Израелската армија започна со пребарувања надвор од „жолтата линија“ во Појасот Газа за да ги пронајде останките на заложниците
СКОПЈЕ (АА) - Стотици Израелци синоќа се собраа на Плоштадот на заложниците во центарот на Тел Авив со барање за враќање на телата на 13 Израелци држени во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Израелската армија започна со пребарувања надвор од „жолтата линија“ во Појасот Газа за да ги пронајде останките на заложниците, соопшти израелскиот јавен сервис КАН.
КАН, повикувајќи се на безбедносен извор, доцна синоќа објави дека пребарувањата на телата на заложниците се одвиваат во областите контролирани од армијата во рамките на „жолтата линија“, нефизичка линија на разграничување до која израелските трупи се повлекоа во Газа според договорот за прекин на огнот постигнат претходно овој месец.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 9 октомври објави дека Израел и Хамас ја одобриле првата фаза од планот за прекин на огнот во Газа за време на тековните преговори во Египет, меѓу кои спаѓа и ослободувањето на израелските заложници во замена за палестински затвореници.
Од 13 октомври, Хамас ги ослободи 20-те живи израелски заложници и ги врати телата на 16 други, оставајќи 12, според договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
