свет

Израелското радио: Турција спремна на разговори за трансфер на гас

„Анкара изрази подготвеност да започне преговори со Ерусалим за трансфер на израелски гас на европскиот континент преку турска територија“, објави државното радио „Кан“

Erdoğan Çağatay Zontur  | 16.12.2019 - Обновена : 16.12.2019
Израелското радио: Турција спремна на разговори за трансфер на гас

АНКАРА (АА) - Израелската државна радиостаница во неделата објави дека Турција е подготвена да преговара со Тел Авив за трансфер на израелски природен гас во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Анкара изрази подготвеност да започне преговори со Ерусалим за трансфер на израелски гас на европскиот континент преку турска територија“, објави државното радио „Кан“.

„Висок турски извор од областа на енергетиката ја пренесе пораката до Израел во врска со ова, објаснувајќи дека неговата земја чека на формирање стабилна влада во Израел и назначување нов министер за енергетика за да разговара за ова прашање“, се вели во веста.

Според израелскиот министер за енергетика, Јувал Стеиниц, се проценува дека под полињата за природен гас - Левиатан и Тамар, недалеку од израелскиот брег, има приближно 800 милијарди кубни метри природен гас, со околу 2,2 билиони кубни метри резерви гас кои чекаат да бидат откриени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın