Eshat Fırat
04 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници урнаа две простории од едно палестинско училиште сместено во Источен Ерусалим (Кудс), бидејќи, како што тврди израелската страна, училиштето не поседува потребна документација, јавува Anadolu Agency (AA).
Очевидците за АА изјавија дека урнатите простории се предвидени за настава на 3. и 4. одделение од основното училиште сместено во Ебу Нувар, на периферијата од Кудс.
Училиштето го посетуваат околу 60 ученици и е единствено училиште во местото Ебу Навар со популација од околу 700 Палестинци.
Ебу Навар се наоѓа меѓу три еврејски населби, а населението е изложено на притисоци од страна на израелската влада, која планира откако Палестинците ќе го напуштат подрачјето, да започне со изградба на нови еврејски станбени единици.

Жителите повторно го изградија училиштето, откако израелските сили го урнаа во 2016 година.
Претходно, донесена е одлука за целосно уривање на училиштето, што е пролонгирано до конечната одлука на судот. Меѓутоа, донесена е одлука за уривање на две одделенија изградени на почетокот од оваа школска година. По споменатата одлука, двете одделенија се прфрлени во други простории.