Alma Çekovic
04 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
КЕЈСИ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а над 70 се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз во американската сојузна држава Јужна Каролина, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека железничката несреќа се случила рано утринава во градот Кејси во Јужна Каролина.
Железничката команија „Aмтрак“ соопшти дека во патничкиот воз, кој сообраќал на релацијата Њујорк - Мајами, се наоѓале 139 патници и осум членови на екипажот.
Голем број медицински и спасувачки екипи се испратени на местото на несреќата.
Во последниве години, во САД се случија неколку железнички несреќи со фатален исход. Три лица загинаа во декември минатата година кога патнички воз излета од шините и падна од надвозник во државата Вашингтон, откако се движеше во кривина со брзина од 130 километри на час.
Во минатонеделниот судир на воз на „Aмтрак“, кој превезуваше републикански претставници, и еден камион, загина едно лице, а беа повредени шест лица.