Qais Omar Darwesh Omar,Mahmut Geldi
05 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
РАМАЛА (АА) - Израелската војска уби двајца Палестинци и рани три лица за време на рациите на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Според очевидци, израелските војници отвориле оган врз двајца Палестинци во близина на градот Тулкерем на северниот дел на Западниот Брег.
Израелските војници не дозволиле да им се пружи прва помош на Палестинците.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека биле убиени 23-годишниот Абдурахман Фарис Мухамед Ата и 27-годишниот Хузејфе Адмам Мухамед Фарис, кои биле нападнати од израелските војници.
Израелската војска соопшти дека двајца вооружени напаѓачи, кои наводно претходно отвориле оган врз воено возило, биле застрелани во близина на селото Шуфа во Тулкерем.
Очевидци изјавија и дека израелската војска го нападнала бегалскиот камп во Тулкерем, а се слушнале и истрели и дека израелските војници се повлекле од кампот по настаните што траеле околу еден час.